Фасцинантно откритие: Ровер на НАСА наиде на метален објект на Марс

Фото: Твитер/Роверот „Љубопитност“

Роверот „Љубопитност“ на американската Национална аеронаутичко-вселенска управа (НАСА), што се наоѓа на Марс, наиде на уште едно фасцинантно откритие додека ја истражуваше површината на планетата.

Имено, роверот откри необично парче метеорит, кој главно се состои од никел и железо. Од НАСА му го дадоа името „Какао“.

Никелните и железните метеорити се меѓу најретките видови и сочинуваат околу шест отсто од познатите метеорити.

„Какао“ и визуелно се издвојува од својата околина. Имено, површината на Марс е црвена поради оксидите, а метеоритот е темно-сив и изгледа како метал. Освен тоа, тој е прилично мазен и заоблен во одредени делови, што укажува дека минал низ атмосферата на планетата пред да се забие во нејзината површина.

Иако атмосферата на Марс е многу потенка од онаа на Земјата, таа сепак создава доволно триење за да ја загрее површината на метеоритот. Вдлабнатините на „Какао“ најверојатно биле создадени од загревањето што делумно го стопило металот додека паѓал низ атмосферата.

Повеќе научни откритија:

Откриени нови дванаесет месечини што кружат околу Јупитер

„Мече на Марс?“: Орбитер на НАСА улови необична глетка на „Црвената планета“

Успех на НАСА: Пронајде мала планета на која може да се живее

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот