ВИДЕО | Откриени нови дванаесет месечини што кружат околу Јупитер

Јупитер е петтата планета од Сонцето и убедливо најголемата. Тој е повеќе од двојно помасивен од сите други планети заедно (318 во однос на Земјата). Орбитира на 777.330.000 km (5,20 AU) од Сонцето, а дијаметарот на екваторот му е 142.984 km.
Астрономите открија нови 12 месечини што кружат околу Јупитер. Со тоа бројот на месечини што кружат околу оваа планета сега изнесува 92. Досега се сметаше дека Сатурн со нејзините 83 месечини има најмногу месечини во нашиот Сончев Систем. Претходно новите месечини биле забележани на Јупитер во 2021 и 2022 со телескопи во Хаваи и Чиле, но сега откритието е потврдено. Новооткриените месечини се со дијаметар од 1 до 3 километри, пишува „Interestingeng ineering“.
With strong evidence for an ocean of liquid water beneath its icy crust, Jupiter’s moon Europa could have conditions suitable for life. In 2024, our spacecraft will set off to take a closer look.
Join us: https://t.co/rORF6MHEhc pic.twitter.com/rtLmhpIrdp
— NASA Europa Clipper (@EuropaClipper) January 26, 2023
Европската вселенска агенција планира да испрати сонда до Јупитер во април која ќе кружи околу планетата и околу три нејзини месечини. Сондата ќе патува седум години за да стигне до дестинацијата. Следната година американската вселенска агенција НАСА планира да испрати мисија до Европа, една од месечините на Јупитер, за која некои научници мислат дека може да има форми на живот.
Се верува дека многу месечини на Јупитер и на Сатурн се формирале поради судири со поголеми стари месечини и астероиди. Од создавањето на Сончевиот Систем, Јупитер на одреден начин ја штити Земјата од удари од астероиди бидејќи е поголем и со тоа има посилна гравитација.
ФОТО | „Мече на Марс?“: Орбитер на НАСА улови необична глетка на „Црвената планета“
Ретка средба со комета што последен пат ја виделе неандерталците пред 500 века
НАСА и Пентагон работат на ракета на нуклеарен погон за патување до Марс