Фајзер за оваа година предвидува приходи до  61,4 милијарди долари

Американската фармацевтска компанија Фајзер годинава очекува приход од околу 15 милијарди долари од продажбата на вакцината против Ковид-19, јави Си-Ен-Би-Си.

Вакцината против коронавирусот на Фајзер, која тој ја произведува заедно со неговиот германски партнер Бионтек, беше прва во САД која беше одобрена за итна употреба.

Во текот на 2021 година, Фајзер предвидува вкупни приходи на компанијата меѓу 59,4 и 61,4 милијарди долари.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот