„Фајзер“ бара децата од 5 до 11 години во САД да се вакцинираат со трета доза против ковид

Вакцинирање на деца
Фото: EPA-EFE/MASSIMO PERCOSSI

Фармацевтската компанија „Фајзер“ денеска соопшти дека сака да ја прошири вакцинацијата со третата, „засилена” доза против коронавирусот во САД на здрави деца на возраст од пет до 11 години.

Американските власти претходно ги повикаа сите луѓе на возраст од 12 години и постари да примат трета доза од вакцината за подобра заштита од најновите варијанти на коронавирусот, а неодамна дозволија да се даде четврта доза на 50-годишници и постари.

Нова студија покажа дека третата доза дадена на децата шест месеци по втората го зајакнала нивниот имунолошки одговор, соопшти Фајзер. Овие податоци не се објавени или потврдени од независни експерти.

Компанијата наведува дека во наредните денови ќе побара од американските власти да одобрат давање на трета доза на здрави деца на возраст од пет до 11 години и оти податоците ќе ги сподели со европските и другите регулаторни тела.

Вакцината на Фајзер е единствената што децата во САД можат да ја примат. Децата од пет до 11 години добиваат една третина од дозата дадена на лица на возраст од 12 и повеќе години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот