Ф1: Пол позиција за Ландо Норис за Големата награда на Белгија
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Белгија во Формула 1 шампионатот. Тој ја запиша својата четврта пол позиција оваа сезона на Спа-Франкоршамп со време од 1:40.562 минути, додека беше за 85 илјадити делови побрз од својот клупски колега Оскар Пјастри, кој е лидер во генералниот пласман.
Препорачано
Третото место му припадна на Шарл Леклер од Ферари, кој беше нешто повеќе од три десетинки зад Норис, додека денешниот победник во спринтот, Макс Ферстапен, ја освои четвртата позиција.
Треба да се напомене дека Холанѓанецот веројатно ќе имаше подобар настап, но грешката во последното квалификациско коло го чинеше доста, па Леклер на крајот беше само три илјадитинки побрз од Ферстапен.
Петтото место во Белгија го освои Алекс Албон од Вилијамс. Џорџ Расел (Мерцедес) и Јуки Цунода (Ред Бул) ги освоија шестата и седмата позиција, додека Исак Хаџар, Лиам Лосон и Габриел Бортолето ја комплетираа листата на топ 10.
Луис Хамилтон имаше прилично лоши квалификации. Неговиот круг беше поништен, па тој ја заврши трката во првата квалификациска сесија, заземајќи ја 16 позиција.
Формула 1: Макс Ферстапен победник на спринт трката во Белгија


