Ф1: Перес најбрз во Сингапур, Ферстапен заврши на седмото место

Четврта победа во Ф1 кариерата за Серхио Перес („Ред Бул“)/Сингапур, Сингапур/2 октомври 2022/фото: EPA-EFE/TOM WHITE

Возачот на Ред Бул, Серхио Перес славеше денеска за Големата награда на Сингапур и стигна до втората победа оваа сезона, а четврта во неговата кариера. Перес стартуваше од втората позиција, но по добриот старт го престигна возачот на Ферари, Шарл Леклер и го задржа првото место до крајот на трката.

Мексиканецот е под истрага со оглед на тоа што почна прерано при рестартирањето откако излезе безбедносното возило. Тој ја заврши трката 7,5 секунди пред Леклер, а за очекување е да биде казнет со најмногу пет секунди.

На втората позиција заврши Леклер, додека на третото место се најде вториот возач на Ферари, Карлос Саинц, кој имаше мал контакт со Луис Хамилтон на стартот. Возачите на Мекларен Ландо Норис и Даниел Рикардо го освоија четвртото, односно петтото место. Шести е Ленс Строл (Астон Мартин), седми актуелниот шампион Макс Ферстапен.

Ферстапен ја започна трката од осмата позиција, но на стартот загуби четири позиции и беше 12-ти. Сепак, успеа да стигне до петтото место кога Фернандо Алонсо ја заврши трката поради проблеми со моторот, но потоа проблеми имаше и Холанѓанецот. Ферстапен во еден момент излета од патеката поради лоши гуми, па мораше да застане во „бокс“. Тој падна на последното место, но сепак до крајот успеа да стигне до седмата позиција.

Скандал во Формула 1: Ферстапен би можел да остане без ланската титула?!

Себастијан Фетел (Астон Мартин) беше осми, а возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон беше деветти. Проблеми имаше и Британецот, кој и тој во еден момент излета од патеката и ја испушти, во тој момент, четвртата позиција. На десеттата позиција заврши Пјер Гасли (Алфа Тури).

Формула 1 шампионатот ќе продолжи следната недела со Големата награда на Јапонија. На табелата води Ферстапен со 341 поен, пред Леклер кој има 237, само два помалку од третопласираниот Перес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот