Фото: илустрација / Архива

Европската Унија троши околу 10 проценти од БДП за здравствена заштита

Европската Унија потрошила 1,720 милијарди евра за здравствена заштита во 2023 година, што е околу 10 проценти од бруто-домашниот производ (БДП), објави денес Евростат.

Статистичката служба на ЕУ вели дека Германија го забележала највисокото ниво на тековни трошоци за здравствена заштита меѓу земјите од Европската Унија, кое изнесувало околу 492 милијарди евра. По нив следуваат Франција (325 милијарди евра), Италија (179 милијарди евра) и Шпанија (138 милијарди евра). Во однос на нејзиниот бруто-домашен производ, Германија, исто така, го забележала највисокиот сооднос, бидејќи моменталните трошоци за здравствена заштита биле еквивалентни на 11,7 проценти од БДП.

Франција се најде на второ место (11,5 проценти), а Австрија и Шведска на трето (и двете по 11,2 проценти), објавува Танјуг. Спротивно на тоа, тековните трошоци за здравствена заштита учествуваа со помалку од седум проценти од БДП во Луксембург, Романија (и двете 5,7 проценти), Унгарија (6,4) и Ирска (6,6).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот