Евролига: Најпосетениот меч во сезоната се одигра во Белградската арена
Кошаркарката Евролига објави кој натпревар беше најпосетен во текот на минатата сезона 2024/25, а тој се играше во Белградскаа арена во Белград, Србија.
Препорачано
Мечот од регуларниот дел на сезоната меѓу Црвена звезда и Жалгирис од Литванија кој беше одигран годинава на 27 февруари во рамките на 27 коло беше најпосетен, објави Евролигата.
Вкупно 20,999 навивачи го гледаа натпреварот во живо, во кој литванската екипа излезе како победник со резултат од 86:80.
Што се однесува до плеј-офот, најпосетениот натпревар беше вториот во серијата помеѓу Панатинаикос (Грција) и Анадолу Ефес (Турција), каде што во ОАКА Арената имаше 18,845 навивачи. Се играше на 24 април, а Ефес победи со 79:76 и го израмни резултатот во серијата на 1:1.
Евролигата, исто така, се пофали со рекорд од 3,478,727 навивачи кои ги следеа натпреварите и ги бодреа своите тимови во текот на целата сезона.
Another season of unrivalled support 🔥 to the 3,478,727 of you who attended a game this season, we salute you 🫡 pic.twitter.com/doKdegO1T0
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) June 21, 2025


