Pixabay

Еве што се случува во вашето тело ако не пушите 30 минути, а што се случува по 15 години

Ако пушите подолг или пократок временски период и чувствувате дека не можете да се откажете од цигарите, можеби се прашувате дали воопшто вреди да се откажете. Можеби самата помисла на кризите и симптомите на апстиненција веднаш ве одвраќаат од обидот. Можеби си мислите: „Штетата е веќе направена? Дали има смисла воопшто да се откажувате?“

Одговорот е – да, и тоа како! Вашето тело има неверојатна способност да се регенерира, и тоа го прави многу побрзо отколку што мислите – дури и помалку од половина час по вашата последна цигара. И ако имате план како да се справите со желбата за цигара, особено во текот на првите недели, шансите за успех се многу поголеми, пишуваат експертите за медицинскиот веб-сајт „WebMD“.

По 20 минути

За помалку време отколку што е потребно да изгледае една серија, вашето тело веќе реагира позитивно. Срцевиот ритам и крвниот притисок почнуваат да се враќаат во нормала, а рацете и нозете се загреваат на нивната природна температура.

По 8 часа
До крајот на работниот ден, нивото на никотин и јаглерод моноксид во крвта се намалува за половина. Зошто е важно тоа? Бидејќи јаглерод моноксидот го истиснува кислородот од крвта, што го попречува протокот на кислород до мускулите и мозокот. Како што ова хемиско соединение се намалува, нивото на кислород се враќа во нормала.

Во исто време, веројатно веќе ги чувствувате првите кризи и сомнежи. Тоа е сосема нормално. Тие обично траат само 5-10 минути. Обидете се да сиго одвлечете вниманието – направете плејлиста, џвакајте мастика или пијте по малку вода.

По 12 часа
Само половина ден подоцна, нивото на јаглерод моноксид во крвта е сосема нормално. Вашето срце е благодарно затоа што повеќе не мора да се бори да достави кислород до остатокот од телото.

По 24 часа
Ако пушите по една кутија цигари дневно, вашиот ризик од срцев удар е двојно поголем од оној на непушач. Но, по само еден ден без цигари, тој ризик почнува да се намалува. Тоа е огромна разлика!

По 48 часа
Време е да се наградите со нешто вкусно. Сетилата за мирис и вкус се изоструваат додека нервните завршетоци се опоравуваат. Белите дробови почнуваат да исфрлаат насобрана слуз и штетни супстанции. Никотинот повеќе не е во телото.

Ова е исто така моментот кога се појавуваат најтешките симптоми на кризата. Може да се чувствувате вознемирено, уморно, гладно или депресивно. Главоболката, вртоглавицата и досадата се вообичаени. Тоа е нормално – но и голем предизвик.

Останете доследни на планот. Одете во кино, трговски центар или некое место каде што е забрането пушењето.

Ако имате астма, вашите симптоми може привремено да се влошат – но тоа е дел од процесот и наскоро ќе се ублажат. Веќе на третиот ден има подобрување.

По 3 дена
Дишењето станува полесно, имате повеќе енергија, белите дробови се опоравуваат и продолжуваат да се чистат.

Од 2 недели до 3 месеци
Во овој период има големи подобрувања. Белите дробови стануваат посилни и попроодни, циркулацијата е подобра, можете да вежбате без да се заморите. Ризикот од срцев удар дополнително се намалува.

Го поминавте најтешкиот дел од одвикнувањето.

Повремените желби може сè уште да се појават. Не можете да ги избегнете сите, но можете да се држите до вашиот план. Побарајте поддршка доколку ви е потребна. Помислете на парите што ги заштедувате. Или обидете се со 10 длабоки, бавни вдишувања.

Од 3 до 9 месеци
Дишите подлабоко и почисто. Наместо сува кашлица, сега има кашлица што помага да се исчистат белите дробови. Поретко добивате настинки и инфекции. Имате повеќе енергија.

По 1 година
Време е да славите – достигнавте важна цел! Вашиот ризик од срцеви заболувања сега е преполовен во споредба со времето кога пушевте.

По 5 години
Ризикот од мозочен удар и рак на грлото на матката сега е ист како кај непушачот. Во исто време, ризикот од рак на устата, грлото, хранопроводот и мочниот меур е преполовен.

По 10 години
Во споредба со некој што сè уште пуши, сега имате двојно помали шанси да умрете од рак на белите дробови. Исто така, ризикот од рак на грлото и панкреасот е намален.

По 15 години
По 15 години без цигари, ризикот од срцеви заболувања е ист како никогаш да не сте пушеле. Вашето тело поминало низ огромен процес на закрепнување и лекување.

На почетокот, откажувањето од пушење може да изгледа како бесконечно патување. Но, по 15 години, непријатностите од првите недели стануваат само далечно сеќавање. Во тој момент, целиот труд се исплати – бидејќи наградите се реални и многу значајни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот