Еве што се случува кога ќе запалите жалфија или темјан во вашиот дом: Овој ритуал го „чисти“ просторот

Жалфија и темјан/Pixabay
Жалфија и темјан/Pixabay

Негативната и штетна енергија може на различен начин да влезе во вашиот дом. Не е важно како ќе го најде своето место во вашиот дом, она што е важно е да ја „извлечете“ од неа, а тоа се практикува со помош на неколку едноставни ритуали.

Со отстранување на негативната енергија од вашиот дом, ќе му го вратите складот и рамнотежата. Постојат неколку ситуации во кои повторување на одредени ритуали „на чистење“ просто се неопходни. Тоа може да биде во ситуација кога некој од домашните е болен, ако сте се преселиле од еден дом во друг, ако некој во вашата куќа починал или ако сте имале гости. Негативните емоции знаат да се „задржат“, а ако ви се случуваат непријатни ситуации доста често, време е да го „исчистите“ домот.

Запалете темјан и жалфија

Ова е еден од најстарите, најбрзите и најделотворни начини да го исчистите својот животен простор од негативна енергија. За да направите чистење со жалфија, мора да ја отворите влезната врата и сите прозорци во вашиот дом. Запалете ја жалфијата и пуштете ја да гори неколку секунди. Потоа згаснете го пламенот и оставете да „чади“ некое време.

Најдобро место за почеток се вашите последни соби. Обиколете ги и „чадете“ што повеќе низ просторот. Можете да искористите перце или гранка за чадот да може да влегува од агол до агол во собите. Кога ќе завршите со обиколка и чадење на секоја просторија во куќата, излезете низ влезната врата и поминете со жалфијата преку вратата и рамката на вратата. Жалфијата потоа оставете ја надвор да изгори. Потоа запалете малку темјанска смола и повторете ја постапката.

Овој ритуал ќе ја одбие негативната енергија на подлабоко ниво.

Истурете малку сол во аглите на собите, на прозорските агли и на влезот од вашиот дом.

Во четири агли од собата посипете морска сол и оставете ја да отстои 48 часа. Таа ќе апсорбира негативна енергија од претходните сопственици на домот или негативната енергија на луѓе кои се болни или се караат. По 48 часа, поминете со правосмукалка или изметете и фрлете ја солта. За додатна заштита можете да ја измешате солта со малку шафран. Во тибетската традиција, лошата енергија не го сака мирисот на шафран и нема да „влезе“ во простор во кој се користи овој зачин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот