Дрво на парите - красула/Фото: Pexels / Kevin Malik

ФОТО | Еве како дрвото на пари да ви расцвета: Цветот носи богатство, не заборавајте ги петте клучни чекори

Дрвото на пари е еден од омилените елементи на фенг шуи. Во древната кинеска филозофија и вештина која со користење на енергијата создава совршена хармонија помеѓу поединецот и неговата околина, ова растение е симбол на изобилство, просперитет, богатство и финансиска среќа, бидејќи неговите месести листови личат на монети. Поради овие причини, во вашиот животен простор треба да се постави на место со добар проток на енергија.

Имате дрво на парите? Одлично! Не можеме да ви ветиме дека од неговите гранки ќе паѓаат златници како ореви во рана есен, но располага со други магични моќи. Велат дека, меѓу другото, е во состојба да ни влее добра енергија и дека треба да го имаме во просторот во кој живееме, бидејќи неговата улога е многу поголема од декоративната.

Дрвото на пари е собно растение од егзотично потекло – од Јужна Африка, припаѓа на семејството сукуленти. Познато е по своите дебели, месести листови, а најпопуларните видови се Crassula ovata и Crassula argentea. Обично го гледаме во станови или канцеларии, но е можно да се чува и надвор, бидејќи е многу издржливо и отпорно. Не му треба многу вода и не е пребирливо, што не значи дека треба да се занемари. Напротив. Искусните цвеќари велат дека треба да се одгледува со љубов, бидејќи е способно да ја почувствува нашата енергија.

 


Ако имате можност, чувајте го на светло место, но не изложено на директна светлина. На пример, на прозорската даска. Не сака загреан воздух, радијатори и централно греење. Не сака ниту темнина, тоа е лоша позиција во која ќе преживува и нема да се развива како што треба. А во најдобрите услови, кога е надвор, во своето природно живеалиште, може да порасне и до неколку метри.

Карактеристично за дрвото на пари е фактот што цвета во зима. Сè до пролет, тоа е во состојба да ве заведува со прекрасни мали (бели или розови) цветови во облик на ѕвезди и со пријатниот сладок мирис. За жал, ова ретко се случува во домашни услови, а имајте на ум и дека цветаат само зрели растенија, претежно постари од пет години. За да се случи ова, потребно е да се исполнат одредени услови: умерено наводнување, редовно хранење, внимателно пресадување, што е можно повеќе свеж воздух (не зимски) и природна светлина (не директна).

Не очекувајте да цвета секоја година, бидејќи на овој сукулент му треба време да акумулира доволно енергија за својот редок цветен спектакл. Уште на почетокот, секогаш можете да уживате во глетката на прекрасни листови, цврсти и како жад зелени, кои ќе ви ја разгалат душата. Карактеристични по форма што потсетува на златни монети, листовите се, според филозофијата на фенг шуи, главни спроводници на енергија. Се верува дека прашината на листовите ги попречува паричните текови, па затоа треба редовно да се бришат, а тоа да го правите со најнежни можни движења.

Исто така, дрвото на пари треба да се постави во југоисточниот дел од куќата, кој во фенг шуи се нарекува „агол на богатството и материјалната благосостојба“. Можете да го чувате и близу до влезната врата, од десната страна, „за привлекување пари“. Сега ви е јасно зошто ова растение е совршен подарок за вселување или кога одите на гости кај некого!

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by May (@may_theplantwhisperer)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот