Еве ја казната поради СКАНДАЛОТ и навивачот кој удри играч! (ВИДЕО) – Слободен печат
КошаркаСпорт

Еве ја казната поради СКАНДАЛОТ и навивачот кој удри играч! (ВИДЕО)

Немилиот настан во на натпреварот против Цедевита скапо го чинеше црногорскиот кошаркарски клуб на Морнар во рамките од АБА лигата.

Да потсетиме еден навивач на Морнар влета во теренот и го удри кошаркарот на хрватската екипа на Цедевита Олимпија, Рајан Бутрајт.

Денеска АБА лигата потврди дека Морнар од Бар е казнет со еден натпревар пред празни трибини и парична казна од 20.000 илјади евра.

Судијата на АБА Дисциплинската момисија Саша Павличиќ-Бекиќ нареди дуелот против Задар да се одигра без гледачи, со најмногу 100 места во ВИП ложата, но и во наредниот меч против Будуќност биде без поддршка од навивачи во западниот дел од салата.

Моментно после пет кола во регионалното кошаркарско натпреварување Морнар е на шестата позиција со осум бодови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close