Повторно инциденти во АБА, навивач влезе на терен и удри играч на Цедевита (ВИДЕО)

принтскрин

Екипите и навивачите како да не научија ништо од финалната серија од ланската сезона во која навивачите на Црвена Звезда и на Будуќност предизвикуваа инциденти со нападите на кошаркарите.

И во новата сезона во АБА лигата, навивач на Морнар влета во теренот и го удри кошаркарот на Цедевита Олимпија, Рајан Бутрајт.

Инцидентот се случи во последните моменти од средбата, Морнар ја имаше обезбедено победата, па кошаркарот на домашниот тим Дерик Нидам тапкајќи ја топката чекаше да завршпи натпреварот, но противничкиот играч Рајан Бутрајт му ја одзеде топката и ја заби во кошот.


Таквиот потег на Буитрајт не и се допадна на домашната публика, па еден навивач влета на теренот и го удри американскиот кошаркар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот