Хаос во „Пионир“, навивачите тргнаа да се пресметаат со играчите на Будуќност (ВИДЕО)

фото: курир.рс

Одлучувачкиот петти натпревар во финалето на АБА лигата помеѓу Црвена Звезда и Будуќност со задоцнување од еден час започна поради инцидентот кој го предизвикаа домашните навивачи.

Тие при загревањето пред гостинските кошаркари влетаа на терен со намера да се пресметаат со нив. Гостите веднаш се повлекоа во соблекувалната и одбиваат да излезат на теренот се додека не се испразнат првите два реда трибините позади клупата наменета за гостинските екипи.

Сепак, со задоцнување од 60 минути, натпреварот започна откако беа исполнети условите на гостинските кошаркари да се испразнат првите два реда зад нивната клупа.

Победникот во петтиот одлучувачки натпревар ќе ја освои титулата во АБА лигата и следната сезона ќе настапува во Евролигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот