Еурофарм Пелистер и Тиквеш во полуфиналето на ракометниот Куп

фото: РК Еурофарм Пелистер

Актуелните македонски шампиони, ракометарите на Еурофарм Пелистер на гостински терен со 32:25 славеа над Охрид за пласман во полуфиналето во Купот.

По првото полувреме екипата од Битола имаше само два голови предност од 18:16.

Во победничките редови доминираше Кузмановски со осум голови, а еден помалку запиша Радивојевиќ.

На спротивната страна словенечкиот интернационален Цирар шест пати се најде во листата на стрелците

На Фајналфор ќе биде и тимот на Тиквеш кој со 32:28 го совлада Мулти Есенс. По пет голови за претставникот од Кавадарци имаа Манасков, Мајиќ и Стефановиќ, а за Мулти Есенс Костовски забележа седум погодоци.

Останатите полуфиналисти во ова натпреварување ќе ги дознаеме по одигрувањето на мечевите Бутел Скопје – Алкалоид и Вардар – Голден Арт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот