Еурофарм Пелистер го освои шестото место на турнирот во Добој

фото: rkeurofarmpelister.com

Денеска во својот последен четврти натпревар на меѓународниот ракометен турнир во Добој, Босна и Херцеговина, екипата на Еурофарм Пелистер загуби од ППД Загреб со 24:26.

Најдобар стрелец во редовите на Еурофарм Пелистер беше Кузмановски со шест голови, а на спротивната страна за Хрватите Чупиќ постигна осум.

На тој начин актуелниот македонски шампион ја освои шестата позиција во Добој.

Претходно на стартот од турнирот играчите на тренерот Александар Јовиќ загубија од египетскиот Ал Ахли со 23:34.

Во вториот меч битолскиот состав убедливо го совлада тимот на Слога Добој со 39:24, а во третиот натпревар претрпе пораз од францускиот Монпелје со 26:29.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот