„Euphoria“ стана втората најгледана серија на стриминг платформата „HBO“

еуфорија
Моменти од серијата „Euphoria“ / Фото: Принтскрин/IMDB

Концептот на сериите на „HBO“ се менува од година на година, од класични драми што го дефинираа жанрот како „The Sopranos“, преку комедии како „Curb Your Enthusiasm“, до екстремно скапите, спектакуларни проекти како „Game of Thrones“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by euphoria (@euphoria)

Меѓу бројните филмови и серии на стриминг платформата, вниманието на светската јавност го привлече серијата „Euphoria“. Постепено, таа почна да доминира со прикажување на светот на дрогата, сексот и тинејџерите во Америка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by euphoria (@euphoria)

Благодарение на големото финале на втората сезона, „Euphoria“ сега е втората најгледана серија од 2004 година на „HBO“, а првата е „Game of Thrones“. Тие статистики доаѓаат од самата стриминг платформа.

Во секој случај, факт е дека „Euphoria“ стекна огромна популарност ширум светот. Стана толку позната што гледаноста по епизода значително се зголемила, според „HBO“, за речиси 100 отсто во споредба со првата сезона, а својот врв го достигнала во новата сезона со епизодата што се емитуваше за време на Супербоул минатиот месец.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by euphoria (@euphoria)

Важно е да се напомене дека сите овие податоци доаѓаат од „HBO“, а голем број корисници на социјалните мрежи, пак, се сомневаат во тоа, велејќи дека можеби е само обид за дополнително рекламирање на серијата, нешто што „Netflix“ добро знае да го направи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот