-2 C
Скопје

ЕССЕ: Нема да запре родовото насилство без целосна примена на новиот закон

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕССЕ смета дека носење нов закон за спречување и заштита од насиство врз жените и семејно насилство нема да ги реши проблемите, доколку одредбите од законот не се применуваат. Законска рамка за справување со насилството, велат од ЕССЕ има веќе 16 години, но и покрај тоа системот не функционира како што треба и жртвите или немаат доверба во него и не пријавуваат, или пак доколку пријават не секогаш ја добиваат потребната заштита.

-Сметаме дека неодамнешните декларативни изјави и ветувања на високи владини функционери за усвојување на нови законски одредби за итна заштита на жртвите го занемаруваат фактот дека постоечкиот систем за заштита од семејно насилство е воспоставен уште во 2004 година. Притоа, за итна заштита од семејно насилство предвидени се привремените мерки како специјализиран превентивен механизам за заштита од семејно насилство се предвидени веќе 16 години, меѓу кои и мерката отстранување на насилникот од домот. Истовремено, актите на семејно насилство претставуваат кривични дела за чии сторители се предвидени затворски казни. За жал мораме да констатираме дека досега властите не покажаа волја, ниту пак обезбедија финансиски средства за спроведување на законите во пракса и справување со овој сериозен општествен проблем, велат од Здружението.

Прочитајте и...  Опасниот Тик Ток предизвик ја зави Србија во црно: Овој пат се обесило 10 годишно момче

Од ЕССЕ бараат државата да алоцира пари и да презеде суштински мерки за надминување на долготрајните проблеми, како што се спроведувањето на кампањи за зголемување на свесноста кај јавноста за родовата еднаквост и семејното насилство, организирање на системска почетна и континуирана едукација на стручните лица од Центрите за социјална работа, полицијата, обвинителството и судовите, подобрување на индивидуалното постапување и меѓусебната координација помеѓу надлежните институции, изрекување на предвидените затворски казни за насилниците, како и воведување на систем за собирање и објавување на податоци за случаите на семејно насилство.

Ова, посочуваат од здружението, дотолку повеќе што вонредната состојба и мерките за ограничено движење на населението го зголемија ризикот од семејно насилство и уште повеќе придонесоа за отежната комуникација помеѓу жртвите и институциите кои се должни да обезбедат заштита.

Прочитајте и...  Собранието со консензус го донесе дополнетиот закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

-Затоа бараме од државата да преземе мерки за надминување на наведените системски проблеми и да го адаптира постапувањето на институциите во услови на криза и вонредна состојба. Сметаме дека првиот чекор кој треба да го презеде државата, наспроти декларативните заложби и ветувања, е да ја зголеми самокритичноста во врска со системските недостатоци во справувањето со семејното насилство; семејното насилство да го стави како приоритет на политичката агенда; и да обезбеди буџетски средства за преземање на суштински чекори во сите приоритетни области, како што се превенција, заштита, кривично гонење на насилството, координација помеѓу институциите, се вели во соопштението од ЕССЕ. 

 

Поврзани вести

ВИДЕО: И покрај строгите епидемиолошки мерки со црковни ѕвона и пред илјадници луѓе, Вучиќ го откри споменикот на Стефан Немања во Белград

Слободен печат

Трајанов: Попишувачите да бидат вакцинирани

Слободен печат

Заев најави изборен српски јазик во училиштата, Ковачев посакува бугарски со иронична честитка

Слободен печат

Недолични фотографии повторно кружат на интернет: „Јавна соба“ стана јавен срам

Како успеа Израел да обезбеди повеќе вакцини отколку што е потребно?

И.И.

Со години боледуваше од Кронова болест, почина пејачот Игор Пармаковски

Слободен печат

Остави Коментар