Еспортот и официјално стана спорт во Македонија

Фото: Агенција за млади и спорт

Агенцијата за млади и спорт го призна електронскиот спорт (Еспорт) за официјален спорт во државата. Директорот на АМС, Наумче Мојсоски, денеска, му врачи „Решение за дејност спорт“ на претседателот на Македонската Еспорт Федерација (МЕСФ) и генерален секретар на Меѓународната Еспорт федерација, Бобан Тотовски.
– Навистина ми е голема чест и задоволство што денеска и официјално еспорт федерацијата станува дел од мк спортот.  Навистина ми е драго што сме согласни за сите услови и предизвици кои ги носат новите времиња . Сакам да истакнам дека сите спортови во нашата земја имаат и во иднина ќе имаат силна поддршка од Агенцијата за млади и спорт. Се обврзавме да бидеме тука за сите спортови така и ќе продолжиме. Ви честитам на успесите кои до сега ги постигнавте, и ви посакувам поголеми успеси во иднина . Го препознавме вашиот талент и силна желба за големи успеси , ви посакувам како млади луѓе да продолжите со истиот ентузијазам и понатака. Заеднички да ги споделуваме сите ваши  достигнувања. Ви честитам – изјави Наумче Мојсовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт.

За претседателот на Македонската Еспорт Федерација, Тотовски, овој чин претставува потврда на тоа дека земјава ги следи светските движења.
– Кога во 2005-та година почнавме со мисијата за официјализација на Еспортот, искрено, не се надевавме дека ќе требаат 17 години. Во ниту еден момент не изгубивме надеж и мотивација да ја постигнеме целта, а тоа е да го официјализираме Еспортот како спорт – изјави Тотовски.

Популарноста на Еспортот постојано расте со натпреварите што ги организира МЕСФ, национални еспорт лиги и квалификациски турнири за светски и европски шампионати. За прв пат во историјата на Македонската Еспорт Федерација, изминатата година се закитивме со два златни медали и станавме европски и светски шампиони во CS:GO.

Македонската Еспорт Федерација е формирана 2009-та година и е членка на Меѓународната Еспорт Федерација и на Европската Еспорт Федерација. Досега наши учесници биле дел од 15 меѓународни првенства, а ова е нашето најголемо достигнување и исполнување на нашата цел.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот