Ештон и Мила - Фото: Инстаграм

Ештон Кучер и Мила Кунис имаат богатство од 275 милиони долари, но на децата нема да им остават ниту цент

Холивудскиот пар Ештон Кучер и Мила Кунис имаат собрано импресивно богатство, кое на почетокот од годинава се проценува на дури 275 милиони долари. Но, за разлика од многу познати родители, ѕвездите од серијата „Луди 70-ти“ донеле одлука што изненади многумина, нивните деца нема да ги наследат тие милиони.

Ештон (47) и Мила (42) се во брак веќе 11 години и имаат две деца 11-годишната Вајат Изабел и деветгодишниот Димитри Портвуд. Тие внимателно ги чуваат децата подалеку од очите на јавноста. И покрај огромното богатство што го стекнале, решиле дека нема да им го „сервираат животот на тацна“.

„Нема да отворам фондација за нив. Нашите пари на крај ќе ги донираме во хуманитарни цели и за други работи“, објасни Качер уште во 2018 година во подкастот на Дакс Шепард, став до кој, како што вели, и денес се држат.

Ештон и Мила – Фото: Инстаграм

Актерот дополнително ја појасни нивната филозофија за воспитување, нагласувајќи дека нивните деца и сега „живеат многу привилегиран живот, но не се ни свесни за тоа“. Сепак, тоа не значи дека ќе ги остават без поддршка ако покажат иницијатива.

„Ако моите деца сакаат да започнат бизнис и имаат добар деловен план, ќе инвестирам во тоа. Но, пари на рак, нема да добијат“, беше јасен Ештон.

Нивниот став е сличен на оној на Бил Гејтс, кој исто така најави дека на децата ќе им остави само мал дел од богатството, бидејќи смета дека „големо наследство не им прави услуга“.

Причината за ваквиот пристап лежи во нивните скромни почетоци. И двајцата пораснале во работнички семејства и добро ја знаат вредноста на парите.

„Пораснав во сиромаштија, исто како и мојот сопруг. Многу сме свесни колку вреди еден долар, затоа што ништо не ни било дадено бесплатно“, изјави Мила во една прилика.

Таа е родена во Украина (тогашна СССР) и на седумгодишна возраст се преселила во САД со семејството, кое во џеб имало само 250 долари. Ештон, пак, израснал во Ајова, а неговиот татко работел во фабрика.

Додека Мила го стекнала богатството преку глумата, Ештон се покажал и како исклучително успешен инвеститор. Неговата компанија „Sound Ventures“ уште рано вложувала во компании како „Uber“, „Airbnb“ и „Spotify“, што им обезбедило финансиска сигурност, пари кои, како што велат, планираат да ѝ ги вратат на заедницата, а не само да им ги остават на своите деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот