француски тост
Фото: Profimedia

Eсенски шмек на францускиот тост: Додадете тиква и пекан ореви

Топла закуска за ладните есенски викенди, или доручек кој совршено може да ве стави во соодветно расположение утрото пред Ноќта на Вештерките. Време е да додадете есенски шмек на познатиот француски тост.

Состојки:

4 јајца

Половина филџан полномасно млеко

2 лажици зачин за пита со тиква

Половина филџан пире од тиква

1 лажица шеќер во прав

1 лажица кафеав шеќер

За похување:

3 филџани искршен корнфлекс

5 филџани исечкани пекан ореви

Кошер сол

За францускиот тост:

8 парчиња интегрален леб

2 лажици несолен путер, плус дополнително за пржење

2 лажици растително масло, плус дополнително за пржење

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @sublimebaker

За сирупот:

2 лажици несолен птуер

1/2 филџан ликер по вкус (препорачливо „butterscotch“ или од ореви)

1 филџан јаворов сируп

Кошер сол

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rachele ? (@nourishandbloom_)

Подготовка:

  1. Направете ја смесата за потопување. Во плитка чинија изматете ги јајцата, млекото, зачинот за пита со тиква, пирето од тиква и шеќерите.
  2. Измешајте ги состојките за похувањето. Во друг мал сад искомбинирајте ги корнфлексот, пеканите и додајте прстофат сол.
  3. Потопете го лебот. Секое од парчињата леб ставете го во чинијата со смесата од јајца и потопете ги од двете страни додека не е целосно покриен, но не премногу влажен. Веднаш потопете го во смесата за похување од двете страни додека не е целосно покриен. Ставете ги на чинија и сместете ги во фрижидерот 20-тина минути.
  4. Направете го сирупот. Во мало тенџере растопете го путерот на ниска температура. Додајте го ликерот и мешајте. Пробајте го сирупот и по потреба додајте прстофат сол. Одржете го топол на слаб оган.
  5. Испржете го лебот. Во голема тава на средна температура растопете 2 лажици путер и 2 лажици масло. Извадете ги парчињата леб од фрижидерот и пропржете ги додека не добијат златеста нијанса, а потоа превртете, по 5 до 7 минути од парче. Додадете уште една лажица путер и масло доколку е потребно.
  6. Сервирајте. Топло и полиено со врел сируп. Доколку ви остане сируп можете да го чувате во вашиот фрижидер до еден месец.

Дополнителен совет: Доколку сакате самите да си направите зачин мешавина за пита со тиква, започнете со цимет, потоа додавајте мелен ѓумбир, мускатно оревче и пименто, додека не го достигнете вкусот кој ви се допаѓа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот