Ердоган / Фото EPA

Ердоган ќе се сретне со Бајден на самитот на НАТО, ќе разговараат и за регионални прашања

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој го блокира членството на Шведска во НАТО, оваа недела на самитот на Алијансата во Вилнус ќе се сретне со американскиот претседател Џозеф Бајден, соопшти вечерва турското претседателство, пренесува Данас.

„Лидерите се согласија да се сретнат во Вилнус и детално да разговараат за билатералните односи и регионалните прашања“, се вели во соопштението од кабинетот на Ердоган.

Бајден денеска ја започна европската турнеја во чии рамки во вторник и среда ќе присуствува на самитот на НАТО во главниот град на Литванија.

Заедно со Унгарија, Турција е единствената од 31 земја на НАТО која сè уште го нема ратификувано членството на Шведска.

Ердоган ја блокира кандидатурата на Шведска, обвинувајќи го Стокхолм дека ги засолнува турската опозиција и курдските активисти од движењата што Анкара ги смета за „терористички“.

Унгарија, која исто така го блокира приемот на Шведска, посочи дека ќе даде согласност доколку Турција го стори тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот