Мирослав Лајчак/ Фото: EPA-EFE/NEMANJA JOVANOVIC

Епстин му нудел „жени и нивните сестри“ на словачкиот политичар Мирослав Лајчак

Министерството за правда на САД објави повеќе од три милиони нови документи од таканаречените досиеја на Џефри Епстин, при што меѓу споменатите имиња се појавува и словачкиот дипломат и поранешен висок претставник во Босна и Херцеговина, Мирослав Лајчак.

Според делови од објавената комуникација од 2018 година, Епстин во пораки му нудел на Лајчак „жени и нивните сестри“, што словачкиот дипломат остро го негира. Прв за содржината на пораките извести словачкиот портал 360tka, а делови од нив ги објави и весникот Denník N, пренесе Klix.ba.

ФОТО | Случајот Епстин повторно ја тресе Америка – објавени се нови фотографии од познати личности, има и експлицитни сцени

Документите укажуваат дека комуникацијата меѓу Лајчак и Епстин не била ограничена само на дипломатски теми. Во пораките тие разменувале коментари и за жени во Киев и Москва, со опуштен и шеговит тон. Во една размена, Лајчак одговара: „Не знаете каков сум во акција“, откако Епстин сугерирал дека девојките можеби се „премногу млади“.

Во други пораки, двајцата коментирале фотографии од Москва, при што Епстин наводно изјавил дека девојките се „најдобриот извоз на Русија“, а Лајчак додал: „Веднаш по нафтата“.

И покрај објавените материјали, Лајчак тврди дека никогаш не комуницирал со Епстин за жени и дека нивниот контакт бил формален. Сепак, неговото име се појавува стотици пати во документите, а Епстин често му се обраќал со прекарот „Миро“.

Лајчак му ја понуди својата оставка на Фицо по обвинувањата

Лајчак, денес му ја понуди својата оставка на премиерот Роберт Фиц, по медиумските извештаи дека неговото име е споменато во документите на американскиот бизнисмен и сексуален престапник Џефри Епштајн.

„Не затоа што направив нешто криминално или неетички во моите постапки, туку за да не сноси политички трошоци за нешто што не е поврзано со неговите одлуки“, рече Лајчак, според словачката новинска агенција TASR.

Дел од пораките датираат од периодот кога Лајчак бил претседател на Генералното собрание на ОН и често престојувал во Њујорк. Во тие години, според документите, тие договарале средби и вечери, како и можни посети на резиденцијата на Епстин во Палм Бич, Флорида – место поврзано со злоупотреба на малолетни девојчиња.

Покрај приватните теми, комуникацијата опфаќала и политички прашања, вклучувајќи ја ситуацијата во Словачка по убиството на новинарот Јан Куцијак, како и ставови за рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Во една порака, Лајчак дури понудил посредништво за средба меѓу Стив Банон и тогашниот словачки премиер Роберт Фицо, што подоцна го демантираше.

Фицо одби да го разреши Лајчак и покрај притисокот од коалицискиот партнер

Од американското Министерство за правда нагласија дека објавените документи не претставуваат потврда за вистинитоста на сите наведени тврдења, бидејќи дел од материјалите се непроверени или редактирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот