Фото: US Justice Department

ФОТО | Случајот Епстин повторно ја тресе Америка – објавени се нови фотографии од познати личности, има и експлицитни сцени

По завршувањето на сеопфатната ревизија, Американското Министерство за правда денеска започнува со јавно објавување на обемна документација поврзана со случајот на Џефри Епстин. Како што соопшти заменик-главниот државен обвинител Тод Бланш, станува збор за повеќе од три милиони страници материјали, објави „AP“.

Фото: US Justice Department

На прес-конференција, Бланш појасни дека во пакетот ќе бидат вклучени над 2.000 видеоснимки и околу 180.000 фотографии, а целиот материјал е подготвен во согласност со законските процедури. Според Министерството, со оваа објава треба да се стави крај на повеќемесечните тензии меѓу Министерството за правда, федералните судии и дел од пратениците околу начинот и обемот на објавување на документите од истрагата против Епстин.

Фото: US Justice Department
Фото: US Justice Department

Сепак, останува неизвесно дали ваквиот потег ќе ги задоволи критичарите, кои сметаат дека ветувањата за целосна транспарентност не се исполнети, особено кога станува збор за наводната „листа на клиенти“.

Фото: US Justice Department

Бланш нагласи дека Министерството не штитело никого, вклучително и Доналд Трамп, и дека целта била документите да се објават во најголем можен, но потврден обем.

Фото: US Justice Department
Фото: US Justice Department
Фото: US Justice Department

Тој додаде дека заштитата на жртвите била приоритет, поради што бил неопходен темелен преглед на огромната количина материјали.

Фото: US Justice Department
Фото: US Justice Department

Говорејќи за жртвите на Епстин, Бланш изрази надеж дека објавувањето на документите ќе им донесе барем чувство на завршница, потенцирајќи дека нивната болка не смее да биде доведена во прашање.

ГАЛЕРИЈА: Досега непозната и морничава приказна за Џефри Епстин, раскажана од фотограф

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот