Епидемија на колера „коси“ во Мозамбик, над 20.000 заразени и многу смртни случаи

Фото: EPA-EFE/LUIS FONSECA

Мозамбик ја доживува најтешката епидемија на колера во последните десет години по минувањето на циклонот Фреди, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО).

„Во Мозамбик од октомври до април редовно се случуваат епидемии на колера, но оваа епидемија е најлоша во последните десет години, со речиси 21.000 случаи на зарази и 95 смртни случаи“, рече претставникот на СЗО во Мозамбик.

Според него, епидемијата продолжува да се шири географски, посочувајќи дека само во изминатата недела биле зафатени уште пет области на таа африканска земја. Досега се погодени 47 области во осум од 11-те провинции во земјата.

Колерата е многу заразна болест која може да усмрти за неколку часа доколку не се побара лекарска помош, а најчесто се јавува каде хигиенските услови се лоши.

Во Мозамбик, колера се појави по минувањето на циклонот Фреди, кој неодамна го погоди јужниот дел на Африка. Циклонот уништи повеќе од 132.000 домови и расели 184.000 луѓе, соопшти СЗО, додавајќи дека повеќе од 160 здравствени установи се оштетени.

Покрај колера, се стравува и од ширење на маларија, додава СЗО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот