ВИДЕО | Нигеријците го прегазија Мозамбик, па жестоко се расправаа – Осимен избега во соблекувална
Иако Нигерија со убедлива победа од 4-0 над Мозамбик обезбеди пласман во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации, во таборот на оваа репрезентација не владееше победничка тмосфера. Натпреварот го одбележа тензична ситуација меѓу двете најголеми ѕвезди на репрезентацијата, Виктор Осимен и Адемола Лукман, кои влегоа во вербален конфликт на теренот. Осимен отворено го изрази незадоволството …

