Фото: Screenshot

ВИДЕО | Нигеријците го прегазија Мозамбик, па жестоко се расправаа – Осимен избега во соблекувална

Иако Нигерија со убедлива победа од 4-0 над Мозамбик обезбеди пласман во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации, во таборот на оваа репрезентација не владееше победничка тмосфера.

Натпреварот го одбележа тензична ситуација меѓу двете најголеми ѕвезди на репрезентацијата, Виктор Осимен и Адемола Лукман, кои влегоа во вербален конфликт на теренот. Осимен отворено го изрази незадоволството од постапката на својот соиграч, сметајќи дека Лукман бил себичен во една чиста гол-шанса, кога наместо додавање, реши сам да шутира.

Напаѓачот на Галатасарај бурно реагираше, обвинувајќи дека фудбалот е тимска игра, на што Лукман му возврати со зборовите: „Веќе постигна два гола“. Тензијата беше толку голема што Осимен, веднаш по последниот судиски свиреж, без да им се придружи на соиграчите во прославата, директно се упати кон соблекувалната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот