Елтон Џон - Фото: EPA-EFE/ENRIC FONTCUBERTA

Елтон Џон проговори за здравствените проблеми: „Го изгубив видот“

Британскиот музичар Елтон Џон неодамна откри дека, иако го изгубил видот на десното око, не ја губи вербата во напредокот на медицината. Во интервју за магазинот „Верајети“ 78-годишниот уметник зборуваше за својата кариера и секојдневие и за тоа што во 2024 година целосно ослепе на едното око.

Како што раскажа, последните 15 месеци биле исклучително тешки:

„Беше поразувачки. Откако на десното око останав без вид, а и левото не е во добра состојба, не можев да гледам ништо ни да читам.“

За време на летниот одмор во Франција истата година, Џон добил инфекција која ги зафатила и двете очи. Но и покрај сериозните тегоби, тој се обидува да остане оптимист.

„Имав неверојатен живот и има надеж. Морам да бидам трпелив и да верувам дека еден ден науката ќе ми помогне. Не смееме да се предаваме, треба да бидеме силни и постојано да бараме начин да ги подобриме работите“, изјави тој.

Тој се заблагодари што и понатаму може да пее, да свири и да се потпре на поддршка од сопругот Дејвид Ферниш, нивните синови Закари (14) и Елајџ (12), како и блиските пријатели.

„Понекогаш целиот овој товар ме обесхрабрува, но на крајот – имам прекрасна фамилија, одлични деца и него“, додаде мислејќи на сопругот.

Во април веќе зборуваше дека губењето на видот во голема мера му го отежнало родителството:

„Не можам да читам. Не можам јасно да ги видам моите момчиња кога играат рагби или фудбал, а тоа ми беше многу тешко бидејќи бев навикнат сè да впивам. Ме вознемирува и емотивно ме исцрпува, но човек мора да се научи да живее со тоа. Среќен сум што го имам овој живот, моето семејство и барем малку вид“, рече тогаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот