Експертите откриваат: Пет здрави намирници кои ѝ даваат младешки изглед на кожата

Фото: Pexels / Toni Cuenca

Во потрага по вечниот младешки изглед, експерти од естетската клиника „Созо“ составија листа од пет специфични намирници за кои е познато дека ги забавуваат видливите знаци на стареење и даваат младешки сјај на кожата.

Акцентот е ставен на важноста да се избере исхрана богата со хранливи материи како што старееме, а наведените намирници се подеднакво достапни колку што се корисни, пишува „Би-ен-ен“.

Јаткасти плодови

На врвот на листата се бадемите, оревите и ф’стаците. Познати по нивната висока содржина на селен, овие јаткасти плодови се тајно оружје за чиста кожа и намалување на акните. За блескава кожа доволна е грст на ден.

Зелен сок

Следен на листата е зелениот сок, моќна мешавина од зелен зеленчук и овошје. Овој пијалок е полн со витамини, минерали и антиоксиданси кои придонесуваат за целокупното здравје и виталност на кожата.

Ѓумбир

Познат е по своите антивоспалителни својства, нудејќи ослободување од кожни заболувања како што се егзема и розацеа. Со вклучување на ѓумбир во исхраната, можеме да постигнеме здрава, витална кожа.

Морков

Богат со витамин А, го стимулира обновувањето на клетките и го спречува сушењето на кожата. Тоа е особено важно за време на постудените месеци, кога кожата е склона кон сувост и лупење.

Боровинки

Боровинките се познати по нивната способност да го поттикнат производството на колаген. Ова доведува до зголемена еластичност на кожата, придонесува за помлад изглед и значително ги намалува фините линии и брчките.

Експертите ги истакнуваат овие пет намирници кои се богати со витамини, минерали и антиоксиданси, и нудат придобивки како чиста кожа, рамнотежа на имунитетот, обновување на клетките и зголемена еластичност, кои заедно придонесуваат за видливо намалување на знаците на стареење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот