Експертите ја откриваат вистината за јајцата: Кои се разликите и кои се подобри, белите или кафеавите?
Кај нас во маркетите не е чудно да се најдат бели јајца, но сепак многумина се изненадуваат кога ќе отворат пакување од пазар, маркет или домашно производство и ќе забележат нешто неочекувано – бело јајце.
Препорачано
Повеќето јајца во продавниците се кафеави, па пакување со бели или мешани јајца може да изгледа необично и да ве натера да се запрашате: дали имаат различен вкус, дали се подготвуваат поинаку или се разликуваат по здравствените и нутритивни својства?
Дали постои разлика помеѓу кафеавите и белите јајца?
Ричард Мју од компанијата „Бирд Брадрс“(Bird Brothers), производител на јајца од Бедфордшир, објаснува за „Express“: „Разликата помеѓу белите и кафеавите јајца е едноставна: белите јајца ги носат бели кокошки, а кафеавите – кафеави. Што се однесува до вкусот и подготовката, разлика нема.“
Хенри О’Конор, основач на британскиот бренд „Бетр егс“ (Better Eggs), додава: „Белите јајца ги носат кокошки со светло перје, а кафеавите од потемни кокошки.. Тоа е сè. Разликата е само визуелна и нема влијание врз тоа што е внатре во јајцето.“
Британската служба за информации за јајца исто така истакнува дека бојата на лушпата зависи исклучиво од расата на кокошката. „Општо земено, белите кокошки носат бело, а кафеавите – кафеаво јајце.“
Пол Мејсон, шеф на секторот за храна во „Преп Кичен“ Prep Kitchen, додава: „Бојата на лушпата зависи од расата. Кокошките со бело перје обично носат бело јајце, а со кафеаво – кафеаво.“
Ребека Тонкс од St Ewe Free Range Eggs нагласува: „Бојата на јајцето е генетски предодредена, зависи од расата, а не од квалитетот.“
Линдзи Честејн, која одгледува кокошки на својот имот, објаснува: „Единствената разлика е кокошката. Други разлики нема.“
Дали едната боја е поздравa од другата?
Хенри О’Конор истакнува дека бојата на лушпата не влијае на квалитетот. Кети Бегет од „Бијонд Чикен Куп“ (Beyond the Chicken Coop) додава: „Квалитетот и вкусот зависат од начинот на одгледување и исхраната на кокошките, а не од бојата на јајцето.“
Дестини Муди, сертифициран специјалист за спортска исхрана, вели: „Бели и кафеави јајца се суштински исти – богати се со висококвалитетен протеин, холин, витамин Б12, јод, селен и можат да бидат збогатени со омега-3 и витамин Д.“
Експертите се согласуваат дека бојата на лушпата нема влијание на вкусот или нутритивната вредност. Разликата ја прави исхраната на кокошката, условите во кои живее и свежината на јајцето.
Дали различно се подготвуваат?
Не. Белите и кафеавите јајца се подготвуваат на ист начин – за мешање, варење, печење или за колачи.
Дали жолчката е различна боја?
Бојата на жолчката зависи од исхраната и изложеноста на сончева светлина – потемни жолчки значат подобра исхрана и повеќе слобода на кокошката.
И белите и кафеавите јајца се хранливи и безбедни, богати со протеини, витамини и минерали. Разликата е само визуелна и во видот на кокошката која ги носи, а не во нутритивната вредност, вкусот или квалитетот.


