Експерти откриваат: Четири намирници кои треба почесто да ги јадеме во април

Фото: Pexels / Karolina Grabowska

Пролетта ни носи и промена во изборот на свежа храна достапна во маркетите и продавниците. Па, експертите предложуваат неколку намирници кои треба почесто да ги внесуваме во менито веќе овој април за подобрување на општото здравје, пишува „Итинг вел“.

Авокадо

Авокадото е одличен извор на масти здрави за срцето, но и начин да додадете повеќе растителни влакна и фолати здрави за срцето во вашата исхрана. Една четвртина од авокадо содржи 2,5 грама заситувачки влакна. Може да биде и одличен засилувач на хранливи материи во рецептите. Мастите во авокадото помагаат во апсорпција на витамини растворливи во масти, како што се витамините А, Д, Е и К, кои се наоѓаат во друга храна.

Аспарагус

Аспарагусот е сезонски зеленчук кој често го препорачуваат многу диететичари и нутриционисти. Содржат растителни влакна, протеини и витамин К, кои ги зајакнуваат коските, а обезбедуваат и витамини А и Ц, како и калиум и фосфор. Аспарагусот е добар извор на пребиотични влакна, кои се важни за хранење на добрите бактерии во цревата.

Ротквици

Со доаѓањето на пролетта започнува сезоната на ротквици, зеленчук кој збогатува различни салати и други оброци кои сакате да ги јадете. Иако може да се најдат во текот на целата година, ескпертите истакнуваат дека се најдобри во пролет. Може да се најдат во многу варијанти, почнувајќи од благи и малку слатки до зачинети. Може да се јадат сирови или печени, а содржат влакна, калиум и витамин Ц.

Слатки компири

Иако коренестиот зеленчук може да е помалку привлечен во топлите денови сепак слаткиот компир, сè уште треба да има место во вашата кујна. Многу луѓе мислат на слатки компири само во есенските и зимските месеци, но тие се достапни во текот на целата година. Без разлика на сезоната, слаткиот компирт содржи многу хранливи материи. Една порција сладок компир обезбедува 3 грама влакна и е одличен извор на витамин А, важна хранлива материја за репродуктивниот систем, вид и имунитетот. Плус, благодарение на неговиот вкус, слаткиот компир прекрасно се комбинира со лиснат зеленчу, печурки или цвекло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот