Експерти на СЗО тврдат дека кинеските вакцини се покажале безбедни

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Експерти на Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопштија дека вакцините на кинеските лаборатории „Синофарм” и „Синовак” се покажаа безбедни и ефикасни против ковид-19, но, сепак,  потребни се и дополнителни анализи.

Проценката ја направи Советодавната стратешка група на експерти за вакцинација (САГЕ), тело на СЗО, кое се состана од 22 до 25 март за да даде свои препораки во врска со вакцинацијата.

Во документот, во кој се сумираат главните точки што биле отворени на состанокот, експертите наведуваат дека двете кинески вакцини, што поднеле барање за одобрување од СЗО, покажале дека се „безбедни и ефикасни против Ковид-19 кога пациентот има симптоми”.

„Меѓутоа, нема податоци кога станува збор за старите лица и лицата кои страдаат од други болести”, оценуваат експертите. Откако ќе се додадат овие податоци, ќе биде потребна студија и за ефикасноста и безбедноста на двете вакцини за тој сегмент од популацијата.

Одлуката на СЗО за барањето за одобрување на вакцините на „Синофарм” и „Синовак” се очекува најрано на почетокот на април.

Претседателот на експертската група, Алехандро Кравиото, изјави дека експертите ќе ја почекаат одлуката на СЗО за одобрување на вакцините пред да ги објават нивните препораки за употреба на две кинески вакцини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот