ЕКСКЛУЗИВНО | Аријана Гранде се пофали со уникатен џемпер „Made in Macedonia“: Познатата пејачка со селфи во дизајн на Алек Бимбилоски за светскиот бренд „Loewe“

аријана гранде loewe
Фото: Принтскрин / Instagram

Светски познатата пејачка Аријана Гранде ужива во носење на џемперот на „Loewe“, во објава на стори на нејзиниот инстаграм-профил. Но, малкумина знаат дека всушност ова парче е изработено во Македонија, по финиш дизајн на нашиот Алек Бимбилоски.

Се работи за еднобоен бел волнен џемпер од светски познатата модна марка „Loewe“ во релаксиран крој, на кој со црн вез од плетенина е рачно извезен ликот на Чихиро, девојчето од „Spirited Away“, јапонскиот анимиран фантастичен филм.

Џемперот со висока ролка е дел од моментално актуелната капсулна колекција „Loewe X Spirited Away“, и на сајтот на светскиот бренд е достапен по цена од 1700 долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alek Bimbiloski (@alekbimbil)

Пејачката го прикажа ова македонско дело на селфи фотографија на стори на нејзиниот личен инстаграм-профил, а на самата фотографија додаде емотикон срце до името на тагнатиот бренд „Loewe“.

Зад соработката со марката стои македонскиот дизајнер Алек Бимбилоски, косопственик на македонскиот бренд „Румор“, а соработката е всушност тесно поврзана со јапонското студио за анимација „Ghibli“.

“Соработката со „GHIBLI“ е започната од март минатата година и се базираше на упатства и насоки од нивна страна и конечна заокружена верзија на предлози од наша страна кои требаа да бидат прифатени. Се работи за домашна рачна изработка, но со првокласни италијански предива“, објасни Алек во ексклузивна изјава за Слободен Печат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alek Bimbiloski (@alekbimbil)

Дека соработката е успешна говори сам за себе фактот дека колекцијата која ја изработиле за „Loewe“ е веќе распродадена, и тоа во рекордно време.

„Многу познати ликови си најдоа свое омилено парче од оваа колекција меѓу кои и Аријана Гранде која се пофали на својот инстаграм-профил. Тоа што беа задоволни од сработеното резултираше со потпишување на договор за следен проект. За изведба на нарачаното имаме ангажирано околу осумдесетина наши плетачки кои мораат да ги познаваат специфичните техники на рачна изработка за да ги задоволат потребните критериуми за квалитет на изведба, што пофално говори за домашниот капацитет со кој можеме да се пофалиме“, додаде Алек.

Колекцијата брои многу парчиња изработени под етикетата „Made in Macedonia“, меѓу кои и најскапото плетено парче, кое чини 6400 долари, а за чија рачна изработка биле потребни „само“ 6 недели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alek Bimbiloski (@alekbimbil)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот