Екрем Имамоглу, градоначалник на Истанбул / Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Екрем Имамоглу ја објави својата кандидатура за претседател на Турција

Градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу ја објави својата кандидатура за претседател на Турција.

Имамоглу, преку видео ја објави својата кандидатура, велејќи „Јас не сум кандидат само за позицијата, туку за тешка трка“.

„Почитувани членови на Републиканската народна партија, драги мои сограѓани. Го започнувам моето патување прво да бидам претседателски кандидат, а подоцна да станам претседател на државата. Не трчам за позиција, туку за тешка трка. Мојот сон, мојата визија е да ги обновам структурите на државата кои актуелната власт ги уништи, да ги обновиме здравството, образованието, правдата. Државата не треба да биде за интересите на грст народ, туку треба да припаѓа на народот и да биде бранител на интересите на народот. Сите заедно можеме да го постигнеме ова“, изјави тој.

Инаку, на крајот на февруари Имамоглу преку својот адвокат поднел барање за учество на прелиминарните избори на кои ќе се утврдува кандидатот на ЦХП за претседател на Турција.

Во судот во Истанбул против него се води кривична постапка за навреди и закани упатени кон турските власти кои според обвинението се водат како случаи на тероризам. Ако биде осуден за кривичните дела за кои се товари, Имамоглу ќе го загуби правото на глас и да биде избран и нема да може да извршува јавна функција додека трае казната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот