Марјан Петревски, професор/ Слободен печат

Економијата во процес на рехабилитација – Нема закана од инфлација и турбуленции во банкарскиот сектор

Според податоците за вториот квартал од годинава има многу висока стапка од 13,5% во однос на истиот квартал минатата години и таму се согледуваат тие цифри за високиот раст на извозот и увозот каде што припаѓаат компаниите кои што работат во ТИРЗ, изјави за Утрински брифинг проф. Марјан Петревски.

На прв поглед тоа е многу висока стапка која многу ретко ја гледаме. Во македонската историја можеби не сме ја виделе, но да погледнеме како е таа настаната – во вториот квартал настана олабавување на рестриктивните мерки, економијата почна послободно да диши, но многу побите е тој базен ефект, а тоа е многу ниската споредбена основа од истиот квартал од претходната година. И логичен сега е тој раст, вели Петревски.

Тој смета дека ова е добра индикација бидејќи покажува дека имаме знаци на излегување од пандемијата, на заздравување на еконоијата.

-Тоа не значи дека економијата е на нивото од пред пандемијата. За тоа ќе ни треба уште малку време. Со оваа динамика проекциите се дека ќе се вратиме на тоа ниво некаде во првата половина на 2022. Сега има дополнителни предизвици. Главниот предизвик е што пандемијата е се уште присутна, така што неизвесноста е се уште присутна во значаен степен и тоа треба носителите на политиките да го менаџираат, додава Петревски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот