Економија на Светското првенство во Катар: Билет за финале до 1.500 долари, пиво од 90 долари

2022/фото: EPA-EFE/LESZEK SZYMANSKI

Ова ќе биде убедливо најскапото Светско првенство во фудбал. Вкупните трошоци на Светското првенство во Катар ќе бидат дури 15 пати поголеми од претходниот Мундијал што се одржа во Русија.

Лондонската компанија Капитал Економикс пресметала дека ако 1,5 милиони посетители останат 10 дена и потрошат по 500 евра дневно, тоа ќе донесе 7,5 милијарди долари за катарската економија. Катарските медиуми се далеку подарежливи во своите проценки и известуваат дека Светското првенство може да донесе 17 милијарди долари за економијата на оваа земја, пишува Данас рс.

За секој кој не е жител на Катар, одењето на натпреварите од Светското првенство ќе биде солиден удар за буџетот.

За мечот со кој се отвора првенството за прва категорија, билет чини околу 600 евра, билет за втора категорија околу 425 евра, а билет од трета категорија околу 300 евра. За четвртфиналето цената за првата категорија е 420 евра, за втората 280 евра, а за третата 200 евра. Полуфиналињата чинат 925 евра за прва категорија.

Најскапите билети за финалето се 1.560 евра, за втората категорија 970 евра, за третата 585 евра, додека Катарците финалето ќе можат да го гледаат за 200 евра.

Инаку, катарските закони дозволуваат да се служи алкохол, иако се потребни соодветни дозволи и може да се пие само на одредени места, додека алкохолот ќе биде забранет на стадионите.

Според светските медиуми, во најистакнатите локали на Доха, едно пиво ќе чини и до 90 долари. Реномираниот Чемпионс Спортс Бар во хотелот Мериот, ќе наплаќа 92 долари за пиво за време на полуфиналето и финалето, додека во групната фаза ќе може да се пие пиво за „само“ педесет долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот