Принцезата Леонор / Фото: EPA-EFE/Ballesteros

Една од најубавите принцези во светот оди на тригодишна воена обука

Шпанската престолонаследничка Леонор во септември ќе започне тригодишна воена обука, соопшти министерката за одбрана Маргарита Роблес.

Најстарата ќерка на кралот Филип Шести, која во октомври ќе полни 18 години, ќе престојува во воената академија на шпанската војска во североисточниот град Сарагоса во академската 2023/2024.

Леонор потоа ќе помине една година во поморското училиште во северозападниот регион Галиција и една година во воздухопловната академија во југоисточниот регион Мурсија, изјави Роблес за новинарите.


По состанокот на владата, министерката појасни дека Кралската палата смета дека Леонор „мора да помине воена обука, исто како нејзиниот татко кралот Филип, како што е вообичаено во другите парламентарни монархии“.

„Во последниве години, направивме значителни напори за вклучување на жените во вооружените сили“, изјави министерката Маргарита Роблес.

Шпанската Кралска палата појсани дека во европските парламентарни монархии се почитува традицијата според која идните шефови на држави мора да имаат и воена кариера. Во соопштението се вели дека според шпанскиот устав, принцезата Леонор ќе стане шеф на вооружените сили кога ќе седне на престолот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот