Една од најтрофејните атлетичарки на 21 век ги пропушта Олимписките игри во Париз
Најдобрата светска атлетичарка во трискок, Јулимар Рохас нема да може да учествува на Летните Олимписки игри во Париз поради повреда на ахиловата тетива.
Препорачано
Според информациите атлетичарката од Венецуела, олимписка шампионка и светска рекордерка се повреди на тренинг. Повредата не е наивна и нема да го брани олимпиското злато во Париз.
Рохас е една од најтрофејните атлетичарки на 21 век, покрај олимпиското злато од Токио, таа освои и сребро во Рио де Жанеиро во 2016 година.
Има четири титули светски шампион на отворено и три во сала. Беше првопласирана во Дијамантската лига во 2021, 2022 и 2023 година. Го постави актуелниот светски рекорд од 15,67 метри на Олимписките игри во 2021 година, а во сала една година подоцна на Светското првенство во Белград од 15,74 метри.
– До мојата Венецуела, до семејството на Олимпиското и спортското движење, особено до моите фанови. Сакам да ве информирам дека нема да можам да учествувам на Олимписките игри во Париз 2024 – стои во дел од објавата на Рохас на социјалните мрежи.


