ЕЦБ: Запрен падот на голбалната употреба на еврото минатата година

Еврото кон крајот на 2019 година ги сочинуваше 20,5 отсто од глобалните државни резерви, што пак во однос на претходната година бележи благ пораст гога изнесуваше 20,3 проценти.

Глобалната употреба на еврото како валута  беше главно стабилна во текот на минатата година  по константниот пад по должничката криза во еврозоната, но надежите дека побарувачката ќе се зголеми не се остварија, се наведува во извештајот на Европската централна банка, објавен денеска.

Во промет пуштено пред повеќе од 20 години, еврото од секогаш ја игра улогата на „втора валута“ во однос на американскиот долар, иако ЕЦБ си постави цел да ја зајакне неговата глобална улога и да се намали поткрепувањето на американската валута во периодот на растечки глобални трговски тензии, пренесува „Ројтерс“.

Еврото кон крајот на 2019 година ги сочинуваше 20,5 отсто од глобалните државни резерви, што пак во однос на претходната година бележи благ пораст гога изнесуваше 20,3 проценти. Неговиот удел во доспеани меѓународни должнички хартии од вредност опадна на 22,1 отсто од ниво на 22,4 проценти, се вели во најновиот извештај на ЕЦБ во делот кој се однесува на единствена валута.

Во меѓународни депозити надвор од 19 члениот блок, улогата на еврото остана главно непроменета, додека неговиот удел во неподмирени кредити на глобално ниво порасна за еден процентен поен.

-Пандемијата ја нагласува итноста од политички и реформски напори кои се од клучна важност за зајакнување на привлечноста на еврата на глобално ниво, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард.

Покрај еврото, и доларот последнава деценија го изгуби трговскиот удел во однос на останатите валути, како што се јапонскиот јен и британската фунта, но сепак овие две валути се уште учествуваат со над 80 отсто во глобалните државни резерви.

– Уделот на американскиот долар, во однос на останатите водечки светсиа резервни валути, дополнително падна на најниско ниво за две децении, што пак укажува на тоа дека продолжува трендот на постепена диверзификација на глобалните девизни резерви, заклучува ЕЦБ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот