Е. Пелистер е победник на 50 издание на меѓународниот турнир во Струга

Е. Пелистер се израмни со Вардар 1961 по бројот на трофеи на струшкиот ракометен турнир/Фото: instagram.com/rkeurofarmpelister

Денеска во големото финале македонскиот претставник Е. Пелистер беше подобар од Целје Пивоварна Лашко од Словенија по шутирањето пенали (7:6).

Мечот за трофејот на 50 издание на меѓународниот турнир во Струга при резултат 4:3 беше прекинат бидејќи поради големата кондензација на теренот имаше лизгање на теренот.

За битолчани ова е 13 рекордна титула на струшкиот турнир и се израмни по бројот на трофеи со Вардар.

Сигурно ова е добра увертира за играчите на Ларс Валтер кои се подготвуваат за четвртфиналниот дуел во СЕХА Газпром лигата против белорускиот Мешков Брест.

За најдобар играч на струшкиот турнир беше прогласен нашиот репрезентативец Жарко Пешевски од редовите на Е. Пелистер, а најдобар стрелец е играчот на Вардар 1961, Филип Талески со 24 голови.

Третото место го освои Татран Прешов по победата над Вардар 1861, а редоследно од петтата до осмата позиција на турнирот се најдоа АЕК Атина (Грција), РК Алкалоид, РК Струга и РК Бутел Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот