Вардар поразен во мечот за третото место на струшкиот ракометен турнир
Денеска во натпреварот за третата позиција на 50 издание на турнирот во Струга екипата на Вардар 1961 загуби од Татран Прешов (Словачка) со 26:24.
Препорачано
Скопските „црвено-црни“ имаат подобар почеток поведувајќи со 5:1 после шест минути игра, Манасков стрелаше и за 6:1, беше и 8:3, но и покрај ваквата негатива Словаците целосно се вратија дури и да стекнат водство од 13:12 во 24 минута.
Во второто полувреме Татран Прешов одржуваше предност од еден-два голови разлика, играчите на тренерот Владо Недановски се обидуваа да се вратат, но кога беше најпотребно пропуштија неколку клучни напади.
Вардарци во вториот дел постигнаа само седум гола, а противникот со солидна одбрана и сигурен напад успеа на крајот да оствари победа и го освои третото место на струшкиот турнир.
Кај стрелците во редовите на Вардар најрасположени беа Карапалевски и Атанасовски со по четири голови, голманите Гогов и Томовски заедно собраа 13 одбрани. На спротивната страна прв стрелец беше Рабек со осум погодоци, а Чуприна забележа седум одбрани.
Претходно во борбата за седмата позиција домаќинот Струга победи проитв Бутел Скопје (26:24), а грчкиот клуб АЕК Атина дојде до петтото место откако славеше против новиот македонски суперлигаш и дебитант РК Алкалоид (29:26).


