Џудо клубот Сеишин-Прилеп освои 19 медали на меѓународниот турнир „Скопје Опен“

фото: Џудо клуб „Сеишин“

На 13 мај во главниот град се одржа вториот меѓународен турнир во ЏудоСкопје Опен“ – 2023. На овој турнир учество зедоа околу 250 џудисти од 25 клубови од осум држави: Албанија, Бугарија, Црна Гора, Косово, Македонија, Србија, Грција и Молдавија.

Џудо клубот Сеишин-Прилеп на овие првенства зеде учество со 25 џудисти, и успеа да освои 19 медали од кои четири златни, седум сребрени и осум бронзени.

Од клубот воедно информираат дека одлични борби прикажаа и Теона Настоска, Мартин Петкоски и Михаил Димоски кај кадетите, Дарио Нанески кај пионерите, Марко Тошески и Андреа Кнежевски кај помладите пионери, кои не успеаја да изборат место на пиедесталот.

Екипата ја предводеа тренерите Марио Тошески, Мартин Ристески и Дејан Мицкоски. ЏК Сеишин-Прилеп во следниот период продолжува со настапи на меѓународни турнири и првенства.

Резултати поединечно:

Помлади Пионери-ки:
1. Софија Ѓорѓиоска 1 место
2. Јана Ангелевски 1 место
3. Матеја Николоска 2 место
4. Илиоски Димитар 2 место
5. Марио Конески 2 место
6. Владан Стрезовски 3 место
7. Ване Ацески 3 место
8. Ангел Стојовски 3 место
9. Марко Марковски 3 место

Пионери-ки:
10. Тамара Илиоска 2 место
11.Теодора Илиоска 3 место
12. Немања Џагадуроски 2 место
13. Марко Ацески 2 место
14. Благојче Мантароски 3 место

Кадети-ки:
15. Теа Настоска 1 место
16. Никола Магдески 1 место
17. Михаил Стојановски 2 место
18. Јован Стојановски 3 место
19. Борис Џагадуроски 3 место

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот