Џудистите на Сеишин со пет медали на меѓународниот турнир во Пирот
Изминатиот викенд, во Пирот, Србија, се одржа третиот меѓународен џудо турнир „Победникот на Пирот – 2026″ во организација на Џудо клуб Ипон – Пирот.
Препорачано
На турнирот настапија околу 420 натпреварувачи од 44 клуба од пет држави, што го прави настанот еден од позначајните во регионот.
Македонскиот џудо клуб Сеишин настапи со седум натпреварувачи и оствари одличен резултат, освојувајќи вкупно пет медали од кои еден златен, и по два сребрени и бронзени.
Поединечни резултати:
Јована Цветкоска – 1 место
Иван Јошески – 2 место
Христијан Бунески – 2 место
Ангел Стојовски – 3 место
Дино Кулевски – 3 место
Одлични борби и голема борбеност прикажаа и Марко Марковски (петто место) и Арсениј Димески, кои за малку не успеаја да се закитат со медал. Екипата на турнирот во Пирот беше предводена од тренерите Мартин Ристески и Сашо Димовски.
Ова беше втор настап на ЏК Сеишин во новата натпреварувачка сезона, а воедно и први освоени медали за 2026 година, што претставува одличен старт и силна мотивација за понатаму.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8час
-
9час
-
11час
-
12час
-
12час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


