Џудистите на Дрим Струга освоија седум медали на натпреварите во Србија и Бугарија
На 31 мај и 1 јуни 2025 година македонскиот Џудо Клуб „Дрим“ Струга учествуваше на меѓународните натпревари во Панаѓуриште, Бугарија, и во Пирот, Србија.
Препорачано
На овие натпревари џудистите на Друм Струга се закитија со вкупно седум медали од кои четири сребрени и три бронзени.
На натпреварот во Панаѓуриште сребрени медали освоија Ѓорги Јулоски и Едах Салоски, а бронзен има Ивона Мојсова.
На натпреварот во Пирот до сребро дојдоа Мила Стојанова и Мартина Салви, а до бронзи Лука Трца и Јован Наумоски.
Одличен настап забележаа Енил Ајдиноски, Мунир Ајдиноски, Карим Идризоски, Дарио Стојанов, Софија Матоска и Ненад Костески, но не успеаја да се искачат на пиедесталот.
Клубот упати честитки до своите џудисти кои покажаа храброст, решителност и борбеност, како и голема благодарност за посветеното семејство наречено Џудо Клуб “Дрим” Струга. Но, тука не застануваат и ги покануваат сите на 10 јубилеен меѓународен натпревар „Струга Опен“ кој ќе се одржи на 7 и 8 јуни 2025 година во Билјанини Извори – Охрид
фото: Џудо Клуб Дрим Струга


