Џорџ Клуни никогаш не би ѝ се вратил на една улога: Нема доволно дрога на светот што ќе ме убеди

Џорџ Клуни
Џорџ Клуни / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Холивудската ѕвезда Џорџ Клуни (62) неодамна изјави дека „не постои доволно дрога на светот“ што ќе го убеди повторно да го глуми ликот на суперхеројот Бетмен. Актерот претходно изјави дека прифаќањето на улогата на Бетмен било една од најголемите грешки во неговата кариера.

„Мислам дека не постои доволно дрога на светот што би ме вратила на таа улога“, шеговито изјави Клуни за „Ентертејнмент тунајт“.

Оскаровецот првпат ја одигра култната улога во филмот „Бетмен и Робин“ („Batman & Robin“) (1997), покрај Арнолд Шварценегер и Ума Турман.

Клуни ја репризираше улогата во последните сцени од годинашниот филм „Флеш“ („The Flash“) (2023), а за неговото појавување во филмот, тој имал желба повторно да го носи неговиот костум од „Бетмен и Робин“. Имено, костумот е познат по гумените брадавици.

„Јас прашав: ‘Каде се моите гумени брадавици?’. Тие ми рекоа: ‘Може ли без гумените брадавици?’, а јас реков: ‘Тогаш, тоа не е мојот Бетмен, зар не?’“, изјави актерот.

Џорџ Клуни во  „Бетмен и Робин“ („Batman & Robin“) (1997)“ / Фото: Warner Bros Collection / Everett / Profimedia

За време на неговото гостување во поткастот „Авордс чатер“ во 2019 година, Клуни призна дека филмот „Бетмен и Робин“ бил целосно промашување.

„Морав повторно да размислам за тоа како работам. Јас не само што бев актер кој ја доби улогата, туку и некој кој беше одговорен за филмот“, изјави Клуни.

Иако Клуни го советувал да не го прави тоа, улогата потоа ја презеде актерот Бен Афлек.

„Јас разговарав со него. Му реков: ‘Немој да го правиш тоа’. Но, тој совет беше прозилезен само од моето искуство“, му сподели Клуни на Хауард Стерн во 2020 година.

Сепак, тој смета дека Афлек одлично си ја завршил работата во филмскиот серијал.

Актерот Роберт Патинсон е последниот актер кој го отелотвори Бетмен на големото платно, заедно со актерката Зои Кравиц како Жена-мачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот