Џорџ Клуни и Џулија Робертс искрени: Еве зошто никогаш не станавме романтична двојка

Џулија Робертс и Џорџ Клуни
Џулија Робертс и Џорџ Клуни / Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Холивудските актери Џулија Робертс и Џорџ Клуни споделија нови детали за своето пријателство, но и одговорија на прашањето зошто никогаш не се состанувале во романтична смисла, пишува „Пипл“.

Тие двајца неодамна гостуваа во емисија на „Аксес Холивуд“, по повод нивниот нов заеднички филм „Билет за рајот“. За време на разговорот, новинарката Кит Хувер им постави низа брзи прашања за нивното долгогодишно пријателство.

Во врска со нивните меѓусебни први впечатоци, Клуни одговори дека актерката го „насмеала“, а Робертс го доживеала како „нежен“.

Потоа, новинарката ги замоли да издвојат по еден квалитет кој едниот го поседува, а другиот му се восихитува за него. Клуни ја пофали „љубезноста“ на неговата колешка, а Робертс одговори дека го почитува неговиот „силен дух“.

Хувер им го постави и прашањето, чиј одговор е долгоочекуван од страна на нивните обожаватели: „Дали некогаш сте си имале ‘нема да се состануваме’ ветување?“

„Да си забраниме да се состануваме? Мислам дека не треба да го објаснуваме тоа“, бргу одговори Робертс, смеејќи се на прашањето.

Клуни, пак, одлучи да биде подетален во својот одговор во врска со тоа зошто никогаш не ја преминале границата меѓу пријателството и љубовта.

„Џулија секогаш беше во врска, или јас бев во врска. И веднаш станавме пријатели. Со други зборови, никогаш немаше ништо меѓу нас“, објасни актерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот