Џони Деп и неговиот рум „Три срца“ / Фото: Profimedia/Фејсбук

ФОТО | Џони Деп лансира сопствен рум, името на пијалакот крие посебна приказна

Американскиот актер Џони Деп влезе во индустријата на алкохолни пијалаци со лансирање на карипски рум под името „Три срца“ (Three Hearts), во соработка со неговиот долгогодишен пријател Боби ДеЛеон, пишува „Еуроњуз“.

Деп, познат по улогата на Капетан Џек Спароу во серијалот „Пиратите од Карибите“ (Pirates of the Caribbean), го дизајнирал и изгледот на шишето, вклучувајќи илустрации и симболи инспирирани од неговите тетоважи, како и три срца кои ги симболизираат неговата поранешна партнерка Ванеса Паради и нивните две деца, Лили-Роуз и Џек Деп.

Румот на Џони Деп / Фото: Фејсбук/„Три срца“

Румот е произведен во дестилерија во Доминиканската Република, каде што одлежувал пет години во буриња од бурбон, а потоа уште две години во буриња од коњак.

Во интервју за „Форбс“, пијалакот е опишан како рум со вкус на карамела и ароми на дрво, зачини, кандирана портокалова кора и ванила.

Овој бренд е насочен кон љубителите на луксузни алкохолни пијалаци и го следи трендот на познати личности кои лансираат сопствени брендови, како Бијонсе, Марго Роби и Џорџ Клуни.

ВИДЕО | Емотивна порака на Ерик Дејн до неговите ќерки објавена еден ден по неговата смрт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот