Џемовите на Аманда Алексова: Кога традицијата ќе добие нова визија
Аманда Алексова е Англичанка во Македонија и како што обично бидува, љубовта е таа која ѝ го смени животот, но и местото на живеење. А Македонија ќе стане, но и ќе остане сѐ уште место кое се обидува целосно да го открие. И на тоа патешествие ќе пронајде нова страст, претопена во приготвување органски овошни џемови, мармалади и ликери.
Аманда Алексова во Македонија се вљуби подеднакво силно импресионирана од нејзините убавини, но и од богатството и квалитетот на свежите овошја и плодови. Тоа воедно беше и инспирација и поттик да започне со голема љубов и внимание да приготвува органски овошни џемови, мармалади и ликери по нејзини семејни рецепти.
И тоа не е случајно, бидејќи потекнува од англиско семејство кое со генерации произведува конзерви и ликери користејќи традиционални рецепти и методи па така се вљуби и во македонските традиции.
View this post on Instagram
Првата импресија ја доживеа кога за првпат ја посети Македонија како млада девојка и кога беше почестена според македонскиот обичај, со вкусно слатко од дуња во прекрасно нежно чинивче и сок од кајсија и праска.
Денес во Охрид има прекрасна градина полна со смокви и големи мушмули, како и дрвја од ореви и лешници кои заедно со органските продукти од локалните производители се базата од која се роди нејзиниот бренд.
View this post on Instagram
Нејзиниот мармалад од портокал е смел и сладок без да е премногу тежок, совршен да ве поткрене наутро.
Џемовите од малина и лаванда се совршени за филови, а џемовите од јагода и чили или смоква, за даска со брие.
View this post on Instagram
Џин-ликерите се совршени за пиење сами за себе или, пак, за коктели со лимончело и просеко.
Не помалку интересни и интригантни се бисквитите од лаванда (Lavender shortbread biscuits) и чоколадните колачи (Chocolate crinkle cut cookies).
View this post on Instagram
Вели дека особено ѝ е важно да ги одржува производите што е можно поприродни, без употреба на адитиви или додавање вода, што дава висока концентрација на овошје. Ваквиот начин го лимитира производсвото на мали серии, но и полека, но сигурно развивање на брендот. Засега, продажбата оди преку социјалните медиуми.