Џастин Бибер откри како е неговата сопруга по проблемите со мозокот: Знам дека Бог ја чува

џастин бибер
Џастин Бибер и Хајли Бибер / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Пејачот Џастин Бибер со своите обожаватели сподели вест за здравјето на неговата 25-годишна сопруга Хејли, една недела откако манекенката потврди дека е хоспитализирана поради симптоми слични на мозочен удар.

ФОТО | Итна хоспитализација: Хејли Бибер завршила во болница поради проблеми со мозокот

За време на неговиот последен настап на неговата турнеја „Justice World“, Бибер накратко го прекина концертот и ја коментираше здравствената состојба на неговата сопруга. Тој објасни дека и покрај големата здравствена опасност, неговата сакана целосно закрепнува.

„Повеќето од вас веројатно ја знаат или ја виделе веста за мојата сопруга. Но, таа е добро, добра е, силна е. Сепак, целата оваа ситуација навистина ме потресе. И покрај сè, знам дека Бог ја чува“, им рекол Бибер на обожавателите во Денвер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber)

Хејли Бибер минатата недела била примена во болница поради симптоми слични на мозочен удар.

Џастин Бибер за несреќата на сопругата Хејли: Не можам да ја изгубам

Манекенката подоцна потврди дека ѝбило дијагностицирано згрутчување на крвта во мозокот, но ги увери своите следбеници дека добро закрепнува и била отпуштена од болница за да се опорави дома.

„Иако ова беше најстрашниот момент во мојот живот, дома сум и добро сум. Благодарна сум на прекрасните лекари и медицински сестри кои се грижеа за мене. Им благодарам на сите за убавите желби“, рекла Хејли.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот