Џастин Бибер за несреќата на сопругата Хејли: Не можам да ја изгубам

џастин и хејли бибер
ФОТО: Инстаграм

Хејли Бибер, сопругата на пејачот Џастин Бибер,  добила згрутчување на крвта во мозокот во четвртокот,  утврдиле лекарите, откако била примена во болница со симптоми слични на мозочен удар.

Таа била пуштена од болница и се одмара дома, но тешкото искушение го шокираше парот, особено Џастин (28), кој „веројатно е потрауматизиран дури и од неа“, изјави извор близок до пејачката за „People“.

„Кога тоа се случи, настана голема паника. Џастин плачеше, затоа што не очекувате дека вашата млада жена ќе има симптоми кои наликуваат на мозочен удар. Џастин им пратил порака на сите што ги познавал и ги замолил сите да се молат за неа, а тој никогаш не ја напуштил. Тој велеше дека не може да ја изгуби, дека што и да е потребно, го сака најдобриот медицински третман на располагање“, вели изворот.

Фото: Profimedia

„Тој би направил сè за да и помогне. Тоа беше момент за двајцата да се потсетат за смртноста и да се фокусираат на она што навистина е важно“, додава изворот.

Хејли сподели своја сметка за инцидентот преку социјалните мрежи во саботата.

Во четвртокот наутро седев на маса и појадував со сопругот кога почувствував симптоми слични на мозочен удар и веднаш отидов во болница. Таму утврдија дека имам мало згрутчување во мозокот до кое дошло поради недостаток на кислород. Згрутчувањето сепак помина и закрепнав за неколку часа. Иако ова беше најстрашниот момент во мојот живот, сега сум дома и сум добро. Благодарна сум им на прекрасните лекари и медицински сестри кои се грижеа за мене. Благодарна сум им на сите кои ми се јавија со убави желби“, стои во нејзиното официјално обраќање до јавноста.

Двојката е во брак три години.

Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

ФОТО | Карлеуша ги инспирираше твитерџиите: Кога Јелена ќе те заследи, еве што ќе се случи!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот